Интерпелацијата за Јовески на наредна нова пленарна седница

Илустративна фотографија, Премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието Талат Џафери и Јавниот обвинител Љубомир Јовески во Собрание

Интерпелацијата за шефот на јавното Обвинителство Љубомир Јовески ќе биде ставено на првата нова пленарна седница велат од Собранието. Интерпелација од првиот обвинител бараат опозициските партии Беса, Демократско движење и Алтернатива по објавувањето на документарниот филм од Истражувачката репортерска лабораторија за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе во 2021 година.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери информираат дека одговорот на барањето за интерпелација на Јовески пристигнал навреме и дека е доставен до пратениците.

Пратениците од опозициските партии на Албанците кои ја поднесоа интерпелацијата на 04 октомври на прес-конференција обвинија дека претседателот на Собранието Талат Џафери одбегнува да ја стави на пленарна седница.

„Нашето основано сомнение е дека тој имал улога во поинакво насочување на судскиот процес што се водел во врска со пожарот на модуларната болница во Тетово, при што загинаа 14 пациенти, рекоа претставниците на Алтернатива, Беса и Демократско движење.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Касами: Обвинителството на Јовески успеа да ги прикрие сите траги на криминал во државата

Јовески во својот одговор до Собранието по поднесената интерпелација ја објаснува целата постапка за судскиот предмет за пожарот во тетовската модуларна болница во кој на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица.

Јовески тврди дека поднесената интерпелација за овој предмет значи дека институцијата со која тој раководи е постојано изложена на неосновани напади и обиди за дискредитација кои во крајна линија, како што вели, се една од основните причини за ниската јавна доверба во правосудните органи воопшто. Тој тврди дека никогаш во ниту еден момент во текот на оваа постапка немало обид за влијание и притисоци.

Видете и ова: Протест во Тетово за жртвите во модуларната болница - 14 жртви, нула дена затвор

„За тендерот за набавка на сите модуларни болници, во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се води уште еден предмет, кој е во предистражна постапка и во кој интензивно се преземаат дејствија на проверки“, објаснува Јовески во писмото.

Обвинителството отвори истрага за причините за пожарот која траеше со месеци, а помагаа и експерти од Германија. Беше констатирано дека пожарот избувнал како последица на краток спој на продолжен кабел. Во септември минатата година започна судењето кое заврши во јуни годинава, а обвинети беа три физички и едно правно лице: докторот на смена Бобан Вучевски, како и за двајцата тогашни директори на болницата Флорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми.

Судот им одреди условни казни за Етеми и Бесими, го ослободи Вучевски, но во судскиот предмет не се гонеа обвинетите поради причината за пожарот во модуларна болница. Обвинителството тврди дека се уште се истражува за вториот случај.