Високиот суд во Белград во средата, на 4 октомври, објави дека по сослушувањето на Милан Радоичиќ, го отфрлил предлогот на Вишото јавно обвинителство да му одреди притвор.
На 3 октомври, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе предлог за притвор на Милан Радоичиќ поради опасност од бегство.
Во соопштението на Вишиот суд во Белград се наведува дека на Радоичиќ му е изречена мерка забрана за напуштање на местото на живеење. На Радоичиќ не му е дозволено да ја напушти територијата на Република Србија, а во исто време му е забрането да оди на Косово.
„На обвинетиот М.Р., привремено му е одземена патната исправа, поточно патната исправа на Република Србија, а обвинетиот е предупреден дека може да му се одреди мерка притвор доколку ги прекрши забраните и обврските“, се вели во соопштението на Вишиот суд во Белград.
Исто така, му било наредено секој прв и петнаесетти ден во месецот да се јавува во надлежната полициска станица.
Видете и ова: Милан Радоичиќ сослушан во српското обвинителството, негираше винаПротив оваа одлука е дозволена жалба до кривичниот совет на Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението.
Радоичиќ беше сослушан на 3 октомври, четири дена откако неговиот адвокат Горан Петронијевиќ објави дека тој ја презел одговорноста за организацијата и нападот во Бањска на северот на Косово.
Обвинителството го товари Радоичиќ за кривичните дела здружување заради извршување на кривични дела недозволено изработување, држење, носење и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи и тешки дела против општата безбедност.
Радоичиќ негираше дека ги извршил овие злосторства.