Хантер Бајден, син на американскиот претседател Џо Бајден, се изјасни за невин за нелегално поседување оружје во вторник на 3 октомври.
Обвинителите тврдат дека 53 годишниот Хантер Бајден лажел за неговата употреба на дрога на федерални формулари кога купил револвер Колт Кобра во 2018 година.
Тој призна дека во тоа време бил тежок корисник на кокаин, но, не признал дека го прекршил законот.
Тој се појави пред федералниот суд во Делавер на 25 минутно сослушување.
Бајден може да се соочи со затворска казна до 25 години доколку биде осуден за трите федерални обвиненија.
Видете и ова: Синот на Бајден, Хантер, обвинет за нелегално поседување оружјеОбвинението беше поднесено кон крајот на септември, откако во јули пропаднаа напорите да се постигне спогодба за признавање вина.
Бајден се соочува со три обвиненија поврзани со сомнежи дека лажел на формулари кога го купил пиштолот.
Според американскиот федерален закон, кривично дело е да се лаже на такви документи или да се носи огнено оружје под дејство на дрога.
Хантер се соочува со кривични пријави додека неговиот татко води кампања за реизбор во Белата куќа на претседателските избори во 2024 година.
Видете и ова: Против Трамп е покренато четврто обвинениеПотенцијалниот републикански ривал на Бајден, Доналд Трамп, се соочува со четири претстојни кривични судски процеси, од кои две ќе му судат за обид да ја поништи неговата загуба од Бајден на изборите во 2020 година.
Трамп во повеќе наврати ги отфрли обвинувањата.
Синот на претседателот Бајдер, кој јавно зборуваше за употребата на дрога, никогаш не служел во Белата куќа или во кампањата на неговиот татко.