АД ЕСМ почнува со подготвителни активности за санација на цевководот на мостот „Беласица“ во Скопје и уверува дека цевководот ќе биде целосно функционален и ќе се обезбеди непрекинато парно греење за граѓаните на Град Скопје.
Согласно законската обврска на 15 октомври, како што велат од компанијата, радијаторите ќе бидат топли, а граѓаните да бидат спокојни, зошто како што информираат, парно ќе има.
„Во текот на изминатите недели, успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови. Бидејќи мостот е под надлежност на Град Скопје, АД ЕСМ е во постојана комуникација со нив и се бара заедничко решение за санирање на овој проблем“, поосочуваат во денешното соопштение од АД ЕСМ.
Видете и ова: Бислимоски: Нема да дозволиме ценовна катастрофа со парнотоНагласуваат дека поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и додаваат дека ќе се вложат максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок.
„Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите“, уверуваат од ЕСМ.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски неодамна изјави дека доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа со топлинската енергија во Скопје, но дека тоа нема да го дозволат и нема да носат одлука за цената, додека не биде поставен топловодот на мостот. Бислимоски истакна дека доколку не се донесе одлука, ќе продолжи да важи постојната цена за парното греење.
Мостот на булеварот Беласица во мај беше зафатен од пожар. Од Центарот за управување тогаш иформираа дека пожарот избил од долната страна на мостот, а случајот го пријавило затекнато лице на 112. Официјалните информации беа дека била запалена електрична инсталација и систем за парно греење.