Пред 28 години на 3 октомври беше извршен атентат врз Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија.
Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата.
Нападот се случи со автомобил-бомба во 9:50 часот на улицата “Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје, кога Глигоров поминувал со службеното возило кон работното место во Собранието. Бомбата, поставена во автомобил „цитроен ами 8“ експлодира кога автомобилот на претседателот минуваше покрај неа.
Видете и ова: Претседателот Пендаровски положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател ГлигоровИ по 28 години, сѐ уште не се познати ниту нарачателите, ниту извршителите на атентатот.
На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер и случаен минувач покрај местото на настанот.
Глигоров почина на први јануари 2012 година во 95-тата година од животот.