Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти ќе се соочи со референдум за тоа како го води домот, откако конзервативен претставник од неговата партија покрена иницијатива за негово смена.
„Имам доволно републиканци за да се случат една или две работи следната недела: Кевин МекКарти или повеќе нема да биде претседател на Претставничкиот дом, или ќе биде претседател на тој дом кој работи во интерес на демократите. Мене секаков резултат ми одговара, бидејќи американскиот народ има право да знае кој има на власт“, рече републиканецот Мет Гаец по поднесувањето на барањето за импичмент.
„Само напред “, му одговори МекКарти неколку минути подоцна на социјалните мрежи.
Гаец, десничарски републиканец од Флорида, со месеци се заканува дека ќе го направи овој потег, а заканите се интензивираа откако Мекарти, поддржан од демократите, го освои потребниот број гласови овој викенд за да избегне затворање на американската влада.
Овој потег ќе биде тест за Мекарти и тој ќе мора да ја добие поддршката од демократите. Каков ќе биде резултатот од гласањето се уште не е јасно, но поддржувачите на Мекарти со недели најавуваат дека се подготвени за овој потег.
Видете и ова: Спречена блокада на американската владаРезултатот може да биде понижување, бидејќи тој ќе стане првиот претседател на Домот кој ќе биде отповикан, или може да добие нов замав со надминување на уште една пречка додека го води Домот со тесно мнозинство. Мекарти неодамна ги поздрави напорите за негово соборување и рече дека тоа е шанса еднаш засекогаш да се замолчат критичарите.
Гаец истакна дека неговиот потег најверојатно е осуден на неуспех. Во текот на денот, тој го обвини Мекарти дека склучил договор со Белата куќа за усвојување закон со кој ќе се овозможи финансиска помош за Украина во нејзината војна против Русија.
Барањето за разрешување на претседателот на Претставничкиот дом е многу ретко и подразбира строга процедура, која беше покрената само два пати против републиканските претседатели на тоа тело во изминатиот век.
Досега само неколку републиканци навестија дека ќе го поддржат барањето.