Во екот на активните мерки против оние кои ја изразуваат слободата на говор во Белорусија, активистката Палина Шаренда-Панасјук, која ја заврши затворската казна кон почетокот на август, но не беше ослободена, повторно и се суди, овојпат под обвинение за „очигледно кршење на казнените и поправните прописи“.
Шаренда-Панасјук првично беше уапсена во 2021 година и осудена на две години затвор за навреда на авторитарниот владетел на Белорусија, Александар Лукашенко, како и за наводен напад на полицаец.
Таа требаше да биде ослободена на 6 август, но и беше одреден притвор и против неа е покренато ново обвинение. Доколку биде осудена, и се заканува уште една година затвор.
Белоруските организации за човекови права ја прогласија Шаренда-Панасјук за политички затвореник. Претходно оваа година, Шаренда-Панасјук се откажа од белоруското државјанство во знак на протест поради нејзиното затворање.
Видете и ова: По пасоши само дома - Лукашенко им поставува стапица на противницитеИсто така, на 2 октомври, Канцеларијата на јавниот обвинител во Белорусија, соопшти дека отвориле неколку истраги против Рада (Советот) на Белоруската Демократска Република (БНР) во егзил -- група која промовира поддршка за белоруската независност и демократија меѓу западните креатори на политиката.
БНР, позната како најстарата постоечка Влада во егзил, некогаш владеела со Белоруската Демократска Република помеѓу 1917 и 1919 година, пред да замине во егзил откако болшевиците ја презеле власта.
Според белоруското бвинителство „раководството на БНР во егзил ги координира активностите со други екстремистички организации, воспоставува контакти со вооружени групи вклучени во настаните во Украина, чии членови се белоруски државјани“.
Видете и ова: ОН ја обвини Белорусија за кршење на човековите права и помагање на руската инвазијаМногу новинари, активисти за права и претставници на демократски институции се затворени во Белорусија по претседателските избори во август 2020 година, за кои опозициските политичари, обичните Белоруси и западните влади, тврдеа дека се наместени.