Американските пратеници во последен момент усвоија привремен нацрт-закон за финансирање за да не се блокира американската влада.
Законот доцна синоќа го поддржаа и демократските и републикански пратеници, и го испратија на одобрување на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден непосредно пред крајниот рок на полноќ. Бајден стави потпис на законот за привремено финансирање.
Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти ја предложи мерката за привремено финансирање, која беше усвоена од 335 пратеници, а 91 беа против.
После тоа, законот помина во Сенатот, каде мнозинството го сочинуваат демократите.
Планирано е администрацијата да се финансира со итни средства во наредните 45 дена, до 17 ноември.
Предлог-законот за привремено финансирање не вклучува помош за Украина, приоритет на Белата куќа на кој се спротивставуваат сè поголем број републиканци, но ја зголемува федералната помош за катастрофи за 16 милијарди долари, исполнувајќи едно од клучните барања на Бајден.
Видете и ова: Затворањето на американската влада е сѐ поизвесноСепак, лидерите на Конгресот ветија дека повторно ќе го разгледаат прашањето за помош на Украина во наредните недели. Бајден побара уште 24 милијарди долари за Украина, покрај 133 милијарди долари вооружување и хуманитарна помош испратена од руската инвазија во февруари 2022 година.
Американскиот претседател во соопштение наведе дека САД „во никој случај не можат да дозволат прекин на американската поддршка за Украина“ и дека очекува Мекарти „да ја задржи својата посветеност кон народот на Украина и да обезбеди усвојување на потребната поддршка за Украина во овој критичен момент. "
Доколку законот не беше донесен, околу еден и пол милион вработени во федералната влада ќе се соочеа со отпуштања, а повеќе од два милиони активни и резервни воени трупи ќе останат без плата.