Поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, одговори на поканата на државните органи на Србија за настанот во селото Бањска во северниот дел од Косово и како граѓанин даде изјава за околностите на трагичниот настан во Бањска на 24 септември годинава. Тоа денеска го соопшти српското МВР.
За наведеното, како што се додава во соопштението, во форма на записник ќе биде известено Вишото јавно обвинителство Белград, кое ќе преземе натамошни процесни мерки и дејствија од негова надлежност.
Видете и ова: Ховениер - Една или повеќе структури стојат зад нападот во северно КосовоПоранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, кој во петокот поднесе оставка од таа функција, преку изјава што ја пренесе неговиот адвокат потврди дека бил со група Срби од Косово, кои се судрија со косовската полиција во близина на Бањска и дека тој стои зад логистиката, како и дека официјален Белград не бил информиран за тој план.
Неговиот адвокат Горан Петронијевиќ рече дека смета оти нема простор за водење каква било постапка против Радоичиќ и другите Срби и дека нема „апсолутно никаква одговорност“ на нивна страна.
Во судирот меѓу косовски Срби и косовската полиција во неделата на 24 септември во селото Бањска загина полицаец Албанец и најмалку тројца Срби, а неколкумина беа уапсени.
Косово соопшти дека ќе бара екстрадиција на Радоичиќ.