Путин ја одбележа годишнината од анексијата на украинските региони

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин на 30 септември се обрати на јавноста на годишнината од анексијата на четири украински региони.

Тој во обраќањето инсистираше дека жителите на овие региони, кои Москва незаконски ги анектираше пред една година, „го направија својот избор - да бидат со својата татковина“.

Во обраќањето Путин рече дека тоа е спроведено „во целосна согласност со меѓународните норми“ и тврди дека жителите на регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон повторно ја изразиле својата желба да бидат дел од Русија на локалните избори претходно овој месец.

Западот ги осуди и гласањата за референдумот спроведени минатата година и неодамнешните гласања како лажни.

Видете и ова: Кремљ го задолжи поранешниот командант на Вагнер да формира доброволни борбени единици

Гласањето беше одржанo додека руските власти се обидуваат да ја зајакнат контролата врз териториите што Москва незаконски ги анектираше пред една година и сè уште не ги контролира целосно.

На Црвениот плоштад во петокот се одржа концерт по повод годишнината, но Путин не учествуваше.