ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од директорот на АХВ за неквалитетното млеко

Најголемата опозициска партија – ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со обвинувањата дека во протеински јогурт од Србија и во млеко од една млекарница од Македонија имало амфлатоксин над дозволената граница.

Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, денеска, презентираше и документи, за неквалитетно млеко и млечни производи завршиле на македонскиот пазар.

Според едниот документ, во протеински јогурт увезен од Република Србија, резултатите покажуваат дека има зголемено ниво на амфлатоксин, вториот документ е лабораториски извештај за млеко од една млекарница од Република Македонија, која исто така покажува присуство на амфлатоксин над дозволената граница, рече Трипуновски.

Вчера тој објави информациите за увезени 20 тони трајно млеко од Србија кое е пуштено во употреба во земјата, а во него е детектирано амфлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. Трипуновски предупреди дека истото е штетно за пиење и може да предизвика труење и други компликации по здравјето на граѓаните.

Потоа од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) рекоа дека тврдењата на Трипуновски се неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда. Од Агенцијата велат дека при увоз на млеко од Србија и до Босна и Херцеговина се земаат мостри на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање задоволителен резултат од тестирањата.

Видете и ова: АХВ контра Трипуновски: Во државата нема канцерогено млеко од Србија

Од АХВ велат тврдат дека тоа млеко се враќа во Република Србија во согласност со законски дефинираните процедури.

Трипуновски денеска побара и оставка од првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Граѓаните да им веруваат на институциите, а не на изјавите што ги даваат некои политичари за собирање на дневни политички поени, порача вчера министерот за економија Крешник Бектеши