Министерката за одбрана Славјанка Петровска и нејзиниот бугарски колега Тодор Тагаев на 30 септември ќе ја посетат воената база во Ново Село, Бугарија, каде се сместени мултинационалните сили на НАТО.
Петровска ќе се сретне со припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија, соопшти Министерството за одбрана.
Армијата на Република Северна Македонија во мултинационалните сили на НАТО учествува од ноември 2022 година, и тоа со контингент во јачина од еден вод, односно помала воена единица.
Видете и ова: Петровска - Протераните руски дипломати сакале да се мешаат во националните интереси на СкопјеВо овие сили има над 1.000 припадници од сојузниците од Северна Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија.
Северна Македонија е дел од НАТО од март 2020.