И Москва и Киев на 30 септември соопштија дека спречиле десетици воздушни напади во текот на ноќта.
Украинскиот Генералштаб рано на 30 септември соопшти дека одбранбените операции продолжуваат во источните и јужните региони, а украински сили се ангажирани во офанзиви кај Бахмут на исток и во Мелитопол, во јужниот регион Запорожје.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили ги пресретнале сите девет проектили, за кои тврди дека Украина ги истрелала. во нејзиниот западен регион Белгород.
Министерството соопшти дека нападот бил со повеќекратниот ракетен систем „Ураган“.
Во Украина, околу 1:30 часот по полноќ се огласија сирени за воздушна тревога во градовите и населените места низ јужните и источните делови на земјата, проследени со експлозии далеку од првите линии, вклучително и во централниот регион Винице.
Најмалку една експлозија е забележана и во Краматорск, каде што се наоѓа позадинската база на украинската војска во источниот регион на Доњецк на фронтот.
Портпаролката на јужните одбранбени сили на Украина изјави на украинската телевизија дека Русија во текот на ноќта лансирала повеќе од 20 беспилотни летала камикази, кои очигледно биле наменети за јужна и централна Украина, но дека најголем дел од нив биле уништени.
Портпаролката Наталија Хуменјук рече дека многу од нападите изгледа биле насочени кон области јужно од пристаништето на Црното Море Одеса и дека „приоритет на непријателот сè уште е Дунав, особено пристанишната инфраструктура“.
Видете и ова: МААЕ одобри резолуција за итно враќање на централата Запорожје под украинска контролаВластите во Винице, град во централниот дел на Украина, кој се користи интензивно за хуманитарни пратки од почетокот на 19-месечната инвазија, наредија евакуација од областа околу инфраструктурната локација за која рекоа дека била погодена во рускиот напад.
Регионалниот гувернер Серхиј Борзов и шефот на локалната администрација во градот Калинивка во областа Винице го потврдија инцидентот, но не дадоа детали.
Хуменјук, портпаролката на Јужните одбранбени сили, рече дека пожарот во Винице е изгаснат и ситуацијата таму повеќе не е критична.
РСЕ не може независно да ги потврди извештаите на ниту една страна за борбите во областите каде се водат тешки борби. Руската инвазија на Украина започна пред 19 месеци, во феврурари 2022.