Заврши акцијата на косовската полиција во Бањска, патот останува блокиран

Полиција во близина на Бањска, Косово 25 септември 2023

Завршена е акцијата за пребарување на околината на селото Бањска во општина Звечан, потврди за Радио Слободна Европа заменик директорот на полицијата за северниот регион Ветон Елшани.

Сепак, тој истакна дека влезот на ова место се уште е блокиран, што значи дека можат да влезат или да излезат само оние кои живеат таму и имаат итна потреба да се преселат.

„Понатамошните чекори ќе се решаваат утре по 9 часот“, рече тој.

Косовската полиција ја истражува областа околу Бањска од 24 септември, кога во раните утрински часови група маскирани и вооружени лица ја нападнаа полицијата на северот на Косово. Во таа прилика беше убиен еден полицаец, додека во размената на оган полицијата убила тројца напаѓачи од српска националност.

Осуммина од нив се уапсени и обвинети за: тероризам, постапување против уставниот поредок и безбедноста на Косово.

Косовската полиција откри арсенал оружје од различен калибар, автомобили, униформи и други предмети планирани за напад во областа Бањска.

На 26 септември, министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, објави видео во кое тврди дека на него се гледа дека меѓу униформираните вооружени лица кои се судриле со косовската полиција во Бањска е и потпретседателот на Српската листа, Милан Радојчиќ. манастир во општина Звечан на север од Косово.

Видете и ова: Косовската влада обвини дека Радоичиќ бил водач на нападот во Бањска

Радојчиќ е потпретседател на Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, која има поддршка од Белград. Тој е и на црната листа на САД за корупција и меѓународен криминал, додека косовските власти го поврзуваат со убиството на Оливер Ивановиќ, српски опозициски политичар во Косово.

По него во Косово е распишана потерница за „заплашување сведоци“ во случајот „Брезовице“ кој се однесува на корупција и дивоградби.

Косовскиот министер за полиција рече дека секојдневно се утврдува оти српскиот претседател Александар Вучиќ преку Српската листа и потпретседателот на оваа партија Милан Радојчиќ „презеле терористичка акција против правниот и уставниот поредок на Република Косово“.

Сепак, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека напаѓачите се локални Срби од Косово, „кои повеќе не можат да го издржат теророт на Курти.

Вучиќ негираше дека Белград има некаква врска со нападот.