Рускиот суд на 26 септември ја отфрли жалбата на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, против судската одлука да биде затворен на 19 години во затвор со максимална безбедност.
Затворениот опозициски политичар беше прогласен за виновен по обвиненијата за екстремизам во август 2023 година од судот во затвор во близина на Москва, каде што издржува уште една казна.
Навални, неговите сојузници, организации и активисти за заштита на човекови права, како и западните влади тврдат обвинувања против Навални се политички мотивиран.
Навални беше најгласниот руски опозициски глас во последната деценија и потикна големи антивладини собири пред да биде затворен во 2021 година.
Видете и ова: Со протести одбележана третата годишнина од труењето на НавалниАпелационен суд во Москва ја потврди казната на 26 септември на сослушување зад затворени врати. Јавно беше само читањето на пресудата. Навални го обвини Кремљ дека го држи доживотно зад решетки за да ги спречи Русите да изразат несогласување.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тој беше затворен во 2021 година, откако пристигна во Москва од Германија, каде што се опоравуваше од труењето за кое се обвинува Кремљ. Обвинителството на 20 јули годинава побара затворска казна од 20 години по неколку точки од обвинението:
- создавање на екстремистичка заедница и организација која поттикнува извршување на криминални дела и кршење на граѓанските права. Станува збор за Фондот за борба против корупцијата, кој на барање на обвинителството во 2021 година беше прогласен за екстремистичка организација и сите негови активности во Русија беа забранети;
- јавни апели до екстремизам: на митингот и онлајн;
- собирање средства за финансирање на екстремизмот;
- вклучување малолетни лица во извршување незаконски и опасни дејствија. Ова обвинение е покренато поради учество на лица помлади од 18 години на митинзи организирани од Навални.
- рехабилитација на нацизмот.
Навални посочи дека овие обвинувања, како и сите пред нив, се измислени за власта да го оддалечи од јавниот живот и политиката. Тој во последните зборови во затворскиот суд пред изрекувањето на пресудата ја осуди инвазијата на Украина и изрази надеж за иднината на Русија.