Владата на денешната седница донесе две одлуки со кои ќе влијае на намалување на цените на 25 категории од прехранбени производи. Гарантираната цена, освен кај прехранбените производи, од утре ќе важи и за безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото.
Покрај оваа одлука, денеска Владата на седница донесе одлука и за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот. Со ова се очекува намалувањето на цените да биде од 10 до 30 проценти.
Овие производи ќе добијат ознака „гарантирана цена“, кои во маркетите ќе се продаваат до 30 ноември.
Ковачевски смета дека има доволно време да се направи корекција на цените
„Кога се работи кога се зголемувањето на цените тоа може да биде и преку ноќ, така што истото тоа може да биде направено и за намалувањето на цените“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Видете и ова: Мерката за намалување на цените - повеќе популизам отколку реален ефектВо однос на овошјето и зеленчукот денеска е донесена одлука за определување на највисока трговска (профитна) маржа. Во трговијата на големо таа се утврдува во вкупен износ до 10 проценти, а во трговијата на мало во износ од 15 проценти.
Ковачевски очекува крајниот ефект од овие мерки да се види до крајот на годината.
„Ќе ја стабилизираме инфлацијата до крајот на годинава“, изјави премиерот Ковачевски.
Претходно објавената листата за намалени цени вклучува над 50 производи во околу 25 категории од пекарската, млечната, месната индустрија. Листата е преземена од Државниот завод за статистика согласно со нивните методологии за утврдување на инфлацијата и на производите се трошат повеќе.
Владата ја донесе мерката за одбележување на производите кои ќе бидат со намалени цени, односно поевтини за десет проценти од цената која ја имале на 1 август 2023 година.
Со тоа трговците на големо и на мало, како и производителите ќе добијат обврска да ги намалат цените, а во тек се и засилени контроли од Државниот пазарен инспекторат.