Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јоурова, на 26 септември ги повика Гугл, Мајкрософт, Мета и ТикТок да сторат повеќе за да се справат со, како што го нарече, руското „оружје за масовна манипулација од повеќе милиони евра“ пред изборите во Европа.
Во последниве месеци се зголеми загриженоста за бранот дезинформации поврзани со парламентарните избори во Словачка на 30 септември и Полска следниот месец, како и со изборите за Европскиот парламент следната година.
Компаниите и другите онлајн платформи доставија податоци за нивната активност во последните шест месеци за борба против лажните вести, како дел од кодексот на практика на Европската унија (ЕУ) за дезинформации.
„Руската држава се вклучи во војната на идеи за да го загади нашиот информативен простор со полувистина и лаги за да создаде лажна слика дека демократијата не е подобра од автократијата. Денес ова е оружје за масовна манипулација од повеќе милиони евра. Големите платформи мора да се позанимаваат со овој ризик. Особено затоа што треба да очекуваме дека Кремљ и другите ќе бидат активни пред изборите“, рече Јурова.
По последните избори за Европскиот парламент во 2019 година, рускиот Совет за безбедност ги опиша како апсурдни обвинувањата дека Москва шири дезинформации за да ги поколеба гласачите.
Минатиот февруари, Евгениј Пригожин, покојниот шеф на руската платеничка група „Вагнер“, призна дека ја основал Агенцијата за истражување на Интернет, за која Вашингтон вели дека е „фарма“ за дезинформации што се вмешала во претседателските избори во САД во 2016 година.
Јоурова имаше предупредување до „X“, поранешен Твитер, кој се откажа од доброволниот кодекс на ЕУ во мај, но според неговиот Закон за дигитални услуги, се смета за „многу голема онлајн платформа“, што подлежи на построги правила за содржина.
„Мојата порака за Твитер е дека мора да се придржува до строгиот закон и ние ќе го следиме што прави“, рече таа.
Русија од своја страна ги ограничи западните платформи на социјалните медиуми по заострувањето на цензурата од нејзината целосна инвазија на Украина минатата година, и го прогласи сопственикот на Фејсбук Мета за виновен за „екстремистичка активност“ во март 2022 година.