Босна и Херцеговина и Србија треба да го усогласат визниот режим со Европската унија, а проблемот со илегалната миграција треба да се реши на надворешната граница на Унијата, пред се на границите на Грција и Бугарија со Турција, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Тој нагласи дека е неопходна „построга политика на визен режим“, јавува Хрватската радио-телевизија.
„Не можете да дојдете на аеродромот во Белград или Сараево, а потоа од турист да се претворите во илегален мигрант“, рече Пленковиќ во Пазин во западна Хрватска, каде што учествуваше на прославата на Денот на жупанија Истар.
Тој ја отфрли можноста за жица на границата со соседна Босна и Херцеговина.
„Хрватска има над 6.000 полицајци на граница, си ја чува границата, нема жица на границата со Босна и Херцеговина, ниту ќе има, бидејќи од другата страна има и Хрвати и сите граѓани на Босна и Херцеговина“, рече премиерот.
Видете и ова: Германија ги зајакнува граничните контроли со Полска и ЧешкаХрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ минатата недела изјави дека се води кривична истрага која треба да ги расветли околностите на пукањето од територијата на Босна и Херцеговина на кое посведочија полицајци во пограничната област кај Раковица на 20 септември, откако спречија група на мигранти од влез во Хрватска.
Граничната зона меѓу Србија и Унгарија во последно време е често место на конфликт меѓу шверцерските групи. Во судирот меѓу шверцерски групи, што се случи во јули минатата година на истото место, едно лице загина, а неколку други беа ранети.
Мигрантите и бегалците сè уште се обидуваат да влезат во земјите на ЕУ од српско-унгарската граница, и покрај честите притисоци односно насилните враќања на луѓе преку надворешните граници на ЕУ.Истовремено, Европската комисија на почетокот на септември изрази загриженост за најавените измени во законот за српско државјанство, кои би можеле да ги олеснат процедурите со кои странските државјани би можеле да добијат српски пасош.
Видете и ова: Папата Франциск ја повика Европа да прими мигрантиВо годината на руската инвазија на Украина, стотици илјади Руси побараа привремен или постојан престој во Србија. За седум месеци од 2023 година, бројката е речиси иста како и во целата 2022 година. Европската комисија веќе го предупреди Белград дека Србија ризикува безвизен режим поради поедноставените процедури за добивање српско државјанство. Србија е меѓу ретките земји во Европа кои не воведоа санкции кон Русија поради нејзината агресија врз Украина.