Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД силно ги осудуваат нападите врз косовската полиција на северот на земјата, повикувајќи ги владите на Косово и Србија да ги намалат тензиите.
„Сторителите на ова злосторство мора да одговараат преку транспарентен истражен процес“, се вели во соопштението на Блинкен.
Ситуацијата на северот на Косово на 25 септември е мирна, но косовската полиција се уште го држи затворен приодот кон селото Бањска во општина Звечан, по смртоносниот напад на вооружени и маскирани лица на 24 септември врз косовската полиција.
Блинкен ги повика владите на Косово и Србија да се воздржат од какви било дејствија или реторика што би можеле дополнително да ги поттикнат тензиите и веднаш да работат во координација со меѓународните партнери за деескалација на ситуацијата, обезбедување безбедност и владеење на правото, како и враќање на дијалог за нормализација на односите со посредство на Европската унија.
Видете и ова: Македонските власти апелираат на деескалација на КосовоАмериканскиот државен секретар истакна дека косовската полиција има целосна одговорност за спроведување на владеењето на правото на Косово, додавајќи дека САД ја признаваат и почитуваат улогата на косовската полиција како прва што реагира во вонредни и кризни ситуации.
„САД ја ценат блиската координација на косовската полиција со мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово и со силите на НАТО во Косово, особено во обезбедувањето на безбедноста на цивилите“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Блинкен додаде дека САД продолжуваат да ја следат ситуацијата и да се координираат со сите инволвирани страни.
Во врска со ситуацијата на северот на Косово, Кремљ соопшти дека внимателно ја следи тензичната и „потенцијално опасна“ ситуација на северот на Косово по убиството на косовски полицаец.
Додека западните власти го осудија нападот врз косовската полиција во градот Бањска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот брифинг со новинарите рече дека „во Косово гледаме традиционално пристрасен однос кон Србите“.
Видете и ова: Петровска: Безбедноста на Северна Македонија не е загрозенаЕден припадник на косовската полиција загина, а неколкумина се повредени во судирите со вооружена група во неделата на северот на Косово.
Косовските власти во неделата објавија дека тројца српски напаѓачи биле убиени во полициска акција во селото Бањска. Обвинителството на Косово во понеделникот соопшти дека е пронајдено безживотното тело на уште едно лице осомничено за учество во нападот врз косовската полиција.
Според косовските власти, околу 30 напаѓачи биле стационирани во и околу манастирот во селото Бањска во општина Звечан.