Русија внимателно ја следи напнатата и „потенцијално опасна“ ситуација на северот на Косово, рече портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков на редовниот брифинг за новинарите, по нападот во неделата врз косовската полиција во косовското село Бањска.
„Ситуацијата е многу тензична и потенцијално опасна, ја следиме многу внимателно“, изјави Песков и додаде дека „за никого не е тајна фактот што често се организираат провокации против Србите“.
Во судир со вооружена група на северот на Косово вчера загина еден припадник на косовската полиција, а неколкумина беа повредени. Косовските власти соопштија дека тројца напаѓачи се убиени, а уапсени се шест лица за кои постојат сомнежи дека биле во контакт со напаѓачите. Околу 30 напаѓачи биле сместени во манастирот во Бањска (општина Звечан) и околу него.
Видете и ова: Македонските власти апелираат на деескалација на КосовоКосово и Србија меѓусебно се обвинуваат за насилството во Бањска на северот на Косово при што беа убиени косовски полицаец и тројца Срби. Србија смета на поддршката од Русија, како постојана членка на Советот за безбедност во ОН, во врска со прашањето за Косово (нејзина поранешна покраина, која во 2008 година прогласи независност), а официјален Белград одбива да ја признае.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во понеделникот се сретна со рускиот амбасадор во Србија Александар Боцан-Харченко. Во разговорот со Харченко, за насилството на северот на Косово го обвини косовскиот премиер Албин Курти, за, како што рече, „организирање етничко чистење со поддршка на дел од меѓународната заедница“.
„Благодарен сум што (амбасадорот на Русија) ги слушна моите молби и барањата на српската страна“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм, без да прецизира за кои барања и молби станува збор.
Видете и ова: Македонските државјани од Бањска се враќаат домаКурти, пак, изјави дека „професионална формација“ ја нападнала полицијата на Косово и убила косовски полицаец.
„Станува збор за терористичка и криминална формација, професионална, која долго го планирала и подготвувала тоа што го направи. Тоа не е група шверцери, туку платеничка структура која политички, финансиски и логистички ја поддржува официјален Белград, изјави Курти во неделата.
Инцидентот се случи по состанокот меѓу Курти и Вучиќ на 14 септември во Брисел со посредство на Европската Унија, но не постигнаа никаков договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.