По извршените вообичаено интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција, соопшти на 25 септември, министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.
Тој додава дека околностите во кои тие се нашле биле сложени, имајќи предвид дека биле сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи вооружениот напад врз полицијата.
„Во текот на вчерашниот ден косовската полиција беше веднаш соодветно известена за оваа ситуација по редовните канали, а јас лично разговарав и со мојата колешка Доника Гервала–Шварц. Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив“, напиша Османи.
Видете и ова: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во близина на опколениот манастир во БањскаСедум македонски државјани меѓу кои и дете се најдоа во косовското село Бањска каде вчера беше убиен косовски полицаец, а дополнително во текот на целиот ден околу триесетина вооружени напаѓачи го окупираа манастирот во Бањска.
Подоцна во текот на денот, косовската полиција соопшти и дека се убиени тројца напаѓачи, а четворица од нив се приведени, но и дека состојбата во манастирот во Бањска и натаму е тензична.