Амбасадорот на САД во Косово, Џеф Ховениер, ги осуди, како што рече, „оркестрираните, насилни напади врз косовската полиција“, кои се случија рано утрово.
Еден косовски полицаец е убиен, а двајца други се повредени во пукање изутринава во областа Звечани, на северот на Косово.
„Косовската полиција има целосна и легитимна одговорност за спроведување на владеењето на правото на Косово. Сторителите морааат да бидат и ќе бидат повикани на одговорност и изведени пред лицето на правдата“, објави Ховениер на социјалната мрежа „Х“.
Американскиот амбасадор упати сочувство и до семејството на загинатиот наредник на косовската полиција.
Видете и ова: Убиен полицаец на северот на КосовоКосовската полиција соопшти дека во неделата во 02:34 часот било забележано дека на мостот, на влезот во селото Бањска, поминуваат два камиони без регистарски таблички, кои го блокираат преминот.
„Во близина на блокадата пристигнаа единици од Звечан и таму наидоа на отпор. Од повеќе различни позиции се пукаше со оружје, како и со рачни гранати и рачни бомби“, соопшти косовската полиција.
Оттаму посочуваат и дека оваа реакција е чин на самоодбрана и успеале да го одбијат првичниот напад за да создадат услови за пружање помош и повлекување на повредените полицајци.
Видете и ова: Живот на „пауза“ на северот на КосовоСите косовски претставници го осудија убиството на полицаецот и ја обвинија Србија за овој случај. Властите во Србија засега немаат никакви официјални соопштенија.
Тензиите на северот на Косово траат од мај, кога општините, претежно населени со српско население, не примија нови градоначалници Албанци.