Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговата изјава дадена синоќа во интервју за ТВ Алсат за тоа дека има докази за „дејствувањето на оската ДУИ-СДС-Груевски и оти можеби треба да им се освежи меморијата за пликоата кои ги добивале со едно УСБ и Ахмети и Џафери“, рече дека Џафери и Ахмети треба да ја кажат вистината за содржината на УСБ и пликото што им било дадено.
„Па еве ќе ги прашате и Талат Џафери и Али Ахмети за содржината на тоа УСБ, на тоа плико и каков документ имало во тоа плико и јас ќе ги следам внимателно нивните изјави и внимателно ќе следам дали ќе ја кажат вистината. Еве да оставиме тие да ја кажат вистината, бидејќи тиe ги добиле два од трите документи“, изјави Мицкоски при денешната посета на тетовска Брвеница.
Видете и ова: Од меѓупартиски обвинувања до внатрепартиски раздори за уставните измениНабргу по оваа изјава на Мицкоски, пристигна демант од ДУИ, во кој се вели дека ниту Ахмети ниту Џафери немаат примено плико и УСБ.
„Единствените разговори за Кривичниот Законик се водени со Мицкоски на лидерските средби во Клубот на пратениците по негова иницијатива и барање откако стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ахмети и Џафери немаат примено никакво плико и никакво УСБ. ДУИ не е дел од било какви интигрантни сценарија или заговори и нема двојна агенда“, велат од ДУИ за Канал 5, демантирајќи го Мицкоски.
Видете и ова: Трет ден препукувања Мицкоски - Груевски
Собранискиот спикер пак, Талат Џафери, во изјава за Телма, исто така ги демантираше овие тврдења на Мицкоски.
„Апсолутно неточно. Чиста шпекулација за дневно политичка потреба. Ниту имам потреба да добивам, ниту да примам било какво УСБ. Ако има нешто, нека докаже. Пред кого сака, пред Господ, пред Алах, пред држава, нека почнат постапка и нека докажат дека Талат Џафери примил УСБ. Чиста шпекулација“, се вели во одговорот на Џафери за телевизија Телма.
Инаку партиските препукувања кои доаѓаат во време кога во земјава расте притисокот за уставните измени постојано ескалираат, а веќе неколку дена се води буквално вербална војна на релација Груевски-Мицкоски, со меѓусебни обвинувања за тајни средби и соработки со други партиски лидери.