Потпретседателот на политичката партија Алтернатива, Адмирим Алити, во името на албанската опизиција составена од партиите - Демократско движење, Алтернатива и движењето Беса, на денешниот прес за новинарите рече дека тие ги поддржуваат ставовите на ЕУ дека е злоупотребено европското знаменце при експресното носење на измените во Кривичниот законик.
„Веќе не е потребно да коментираме и да објаснуваме за да можеме да констатираме кој ја злоупотребува „Европа“. Тука е евроамбасадорот кој изјавува дека Европската комисија реагирала за користење на знамето на ЕУ за измените во Кривичниот законик и дека ЕУ тоа го смета за несоодветно објаснувајќи дека тоа е прашање за кое треба да се дискутира, особено што овие измени претставуваат опасност за правната држава бидејќи го отвораат патот за пораст на неказнивоста. Меѓутоа, како против одговор за Брисел е изјавата на Али Ахмети од пред неколку дена дека „и Брисел и Вашингтон кога ќе влезат во подлабока анализа ќе ги разберат причините. Ние сме во процес на скрининг и промените во правдата се приоритет“. Овој негов одговор не само што ја навредува интелигенцијата на граѓаните и Европската комисија, туку открива и злоупотребата станала подмет на оваа тема“, рече Алити.
Видете и ова: Амнестиите изгубени во политичкиот пазарАлити потенцираше дека и кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството.
„Тоа се случува со децении. Така го злоупотребија и албанското знаме за да манипулираат со Албанците дека се борат за нивниот интерес, како што беше и манипулацијата со идејата на албанскиот премиер, за сега да изјавуваат дека времето на патриотизмот е завршено, а при тоа да прејдат на измените во Кривичниот законик со образложение дека тоа е неопходно за реформите во правосудството и тоа е она што ЕУ го побара од нас“, додаде Алити.
Со измените во Кривичниот законик кои експресно се донесоа во Собранието, помали казни ќе има за несовесно работење на функционерите во службата, а исто така и за делото злосторничко здружување.