Германија ги зајакнува граничните контроли со Полска и Чешка

Фотоархива: Германската полиција спроверува мигранти (октомври 2015)

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фецер, најави воведување построги контроли на границата со Полска и Чешка, јавуваат германските медиуми.

Таа за „Велт ам Зонтаг“ изјави дека длабинските контроли во пограничните области ќе бидат надополнети и со стационарни контроли на самата граница.

„Тоа е еден од инструментите што треба да придонесе за намалување на бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија“, рече Фесер.

Таа додаде дека не може да се очекува дека овие мерки на границата со Полска и Чешка ќе го решат проблемот со илегалната миграција.

Од 2015 година вакви контроли има на германско-австриските гранични премини.

Видете и ова: Европските земји примиле речиси еден милион барања за азил лани

Германските сојузни покраини на истокот од земјата се на удар на бранови мигранти кои се почесто доаѓаат преку Чешка и Полска.

Германскиот јавен сервис АРД соопшти дека најавата на министерот Фезер била поздравена од полициските синдикати.

Според официјалните податоци во Германија, во првите осум месеци од годинава во таа земја на Европската унија пристигнале над 200.000 мигранти, што пак е повеќе отколку во текот на целата 2022 година.

Видете и ова: Унгарија и Полска го блокираа самитот на ЕУ поради мигрантите