Работната група на незадоволните пензионери во вторник на маса ќе ги стават своите барања за линеарно покачување на пензиите пред министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
Тренчевска денеска одговарајќи на новинарско прашање ја најави оваа средба и рече дека веќе има некои предлог мерки за кои ќе се разговара.
„Работната група работи во континуитетот од кога е формирана. Следниот вторник ќе има состанокот. Имаме веќе некакви предлог мерки коишто ги дискутираме за коишто прибавуваме дополнителни податоци. Секако ги вклучуваме и останатите институции. На минатиот состанок беа претставници на Министерство за здравство за да видиме какви мерки може да креираме во делот на здравството, во делот на зголемување на бројот на лекови на позитивната листа. Со Фондот за здравство и Министерството за здравство да видиме да го зголемиме прагот за ослободување од партиципација при болничко лекување. Фокусирани сме на поголем број мерки од различни области за да успееме да го подигнеме животниот стандард на пензионерите“, изјави Тренчевска.
Видете и ова: Оставки и повеќе пари бараат пензионерите на протестВо однос на прашањето дали на претходната средба со работната група во Влада пензионерите биле избркани од истата, Тренчевска рече дека состанокот бил прекинат, но пензионерите не биле избркани.
„Не беа исфрлени. Состанокот беше прекинат од мене и од шефот на премиерот заради недоличното однесување. Ние ги примивме со добра волја за да ги слушнеме и да им кажеме дека работната група работи и дека нивните барања се дел од работната група, се дел од она што по која што дискутираме и дека се грижиме и како Влада и како институции да го подобриме животниот стандард на пензионерите. И тоа ќе го направиме со конкретни мерки коишто верувам дека наскоро ќе бидат донесени од страна на Владата“, рече Тренчевска.
Пензионери од сите градови пак пред два дена протестираа пред Владата барајќи линеарно наместо процентуално покачување на пензиите, како и минимална пензија од 18.000 денари.