Оценската мисија на Европската унија за работата на Судскиот совет ќе заврши неделава и брзо потоа ќе бидат објавени препораките, изјави на 21 септември евроамбасадорот во Скопје, Дејвид Гир.
Гир ја најави мисијата на крајот на јули по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци во Судскиот совет. За помалку од пет месеци, две претседателки на Судскиот совет беа сменети, што предизвика сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија. И двете обвинија дека причина за нивната смена е политички интерес. Скандалите и превирањата предизвикаа загриженост и од меѓународните и од домашните институции.
„Ние сакаме земјата брзо да напредува во сферата на владеењето на правото, граѓаните имаат право да го бараат тоа и Европската Комисија (ЕК) има право да го бара тоа од земја – кандидат“, одговори евроамбасадорт Дејвид Гир на новинарско прашање по промоцијата на новиот проект финансиран од Европската унија „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.
Видете и ова: Европската комисија е загрижена поради измените на Кривичниот законикТој вели дека имало напредок во однос на владеењето на правото, во изминатите години, но дека сепак има и одредени прашања кои предизвикуваат загриженост. Освен Судскиот совет, загриженост претставуваат и измените на Кривичниот закони. За нив минатата недела Европската комисија изрази загриженост и за користењето на европското знаменце, што го сметаат на несоодветно и за ризикот дека измените може да доведат до зголемување на неказнивоста.