Товарниот брод Ресилиент Африка (Resilient Africa) пристигна во близина на турскиот Босфорски теснец на 21 септември. Тоа е првиот брод натоварен со жито од Украина што пловел во и од Црното Море користејќи привремен коридор. Бродот го напушти украинското пристаниште Чорноморск оваа недела со 3.000 метрички тони жито, соопшти Киев.
Украина минатиот месец објави „хуманитарен коридор“ за ослободување на бродовите за африканските и азиските пазари и за заобиколување на де факто блокадата, откако Русија летово се откажа од договорот што го гарантираше нејзиниот извоз за време на војната.
Русија се повлече од договорот за жито во јули, една година откако беше посредуван од Обединетите Нации и Турција, жалејќи се дека нејзиниот извоз на храна и ѓубрива се соочува со пречки и дека нема доволно украинско жито во земјите на кои им е потребно.
Видете и ова: Бугарските фармери постигнаа договор за прекин на протестите против увозот на храна од УкраинаКако одговор на раскинувањето на договорот, Украина се обидува да воспостави поморски коридори долж бреговите на федералните земји до Босфорот, спротивставувајќи се на руските закани за потопување бродови кои влегуваат или излегуваат од украинските пристаништа.