Украина во четвртокот предупреди дека претстојат тешки зимски месеци, откако „масовните“ руски ракетни напади насочени кон цивилна инфраструктура резултираа со смртни случаи и повредени низ цела Украина.
Цел на Москва беа градовите од Ривне во западна Украина до Херсон на југ, главниот град Киев и градовите во центарот и североисточниот дел на земјата.
Најмалку три лица загинаа во Херсон, а многумина беа ранети во други делови на Украина, додека властите се уште трагаат по жртви во некои градови.
Русија ги започна нападите додека Украина се подготвува за третата зима под 19-месечната инвазија на Москва и додека претседателот Володимир Зеленски е во Вашингтон по втор пат од почетокот на војната.
„Ни претстојат тешки месеци. Русија ќе ја нападне енергетската инфраструктура и клучните објекти“, рече Олексиј Кулеба, заменик-шеф на претседателскиот кабинет.
Видете и ова: Нуклеарните централи во Украина подготвени за зиматаТој додаде дека Москва е насочена кон „цивилна инфраструктура“ низ Украина.
Киев вели дека струјата е прекината низ целата земја, во речиси 400 градови и села, бидејќи Русија ги таргетирала енергетските капацитети, но Украина додава дека е „прерано“ да се каже дали ова е почеток на новата руска кампања за енергетската инфраструктура.
Минатата зима многу Украинци останаа без струја и греење на ниски температури поради руските напади.