Токсичен пестицид бил откриен кај црвени пиперки во Хрватска, кои биле увезени од Македонија, јавуваат хрватските медиуми.
„Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен“, се наведува во известувањето од Европскиот систем за брзо предупредување за храна.
Станува збор за пестицидот „форметанат“, којшто како ефикасен инсектицид се користи во производството на овошје и зеленчук.
Видете и ова: Колку пестициди има во овошјето и зеленчукот?Но, пестицидот e забранет во Европската Унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.
„Форметанат“ е високо акутно токсичен доколку влезе во организмот по орален пат, умерено токсичен е ако се вдише, а има ниска акутна токсичност ако дојде во контакт со кожата.
Клинички знаци по акутна и хронична изложеност на форметанат кај стаорци се намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлање.