Задолжително да се носат заштитни маски во здравствените установи, но не и во аптеки или домови за стари лица. Ваква препорака ќе испрати Комисијата за заразни болести до Министерството за здравство како превенција од ширење на Ковид-19. Препораката, е усвоена на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, а се уште се работи на утврдување дали е присутна новата варијанта на вирусот „ерин“.
„Тоа е со цел да се минимизира можност за пренесување на заразата во здравствените институции, таму каде што имаме особено ранливи групи, коишто можат да бидат подложни на тешка компликација како резултат на зараза со вирусот кај коишто може да се јави летален исход. Од тие причини Комисијата за заразни болести реши повторно да препорача до Министерството за здравство и до министерот да се побара задолжително носење на маските во здравствените установи“, информираше д-р Злате Мехмедовиќ, претседател на КЗБ.
Видете и ова: Расте бројот на заразени со Ковид 19, но лекарите велат - нема простор за загриженост
Здравствените власти регистрираат зголемување на позитивните случаи со ковид-19 во август и септември. Епидемиолошката состојба се оценува како стабилна, а на ризичните пациенти им се препорачува нова доза вакцина. Симптомите на новозаболените се болки во грлото, течење на нос, главоболка.
Комисијата за заразни болести сè уште нема дефинитивен резултат дали корона вирусот кој е присутен е од варијантата наречена „ерис“. Од Институтот за јавно здравје добиле информација дека подолго време трае процедурата за собирање на материјалот бидејќи, има само мал број, 112 заболени со Ковид-19.
Видете и ова: Новиот сој на Ковид-19 регистриран во Србија
Во моментот има седум болнички лекувани, претежно пациенти коишто се во поодмината возраст коишто имаат придружни болести. Некои се на кислородна поддршка, а кај некои од нив може да се јави и тешка форма на болеста. Иако во јавноста се шпекулира дека Ковид-19 сега често предизвикува дијареја и повраќање, според Мехмедовиќ искуствата од другите земји, како пример во Америка, покажуваат дека поретко се јавуваат тие два симптоми и нема губење на сетилото за мирис и за вкус. Нема да има потреба за изолација на заразените било одлучено на состанокот.