Гардијан: Речиси сите во Европа дишат токсичен воздух, Македонците најтоксичен

Илустрација, Аерозагадување во Скопје

Анализата на податоците собрани со помош на најсовремената методологија - вклучувајќи детални сателитски снимки и мерења од повеќе од 1.400 копнени станици за мониторинг - открива страшна слика за валканиот воздух, при што 98% од луѓето живеат во области со високо штетно загадување со ситни честички. Речиси две третини живеат во области каде што квалитетот на воздухот е двојно повеќе загаден од тоа што го препорачува Светската здравствена организација, се наведува во резултатите од анализата на британскиот дневен весник Гардијан.

Но според весникот токму најпогодена земја во Европа е Северна Македонија.

„Најпогодена земја во Европа е Северна Македонија. Речиси две третини од луѓето ширум земјата живеат во области со повеќе од четири пати повеќе од дозволеното на СЗО за присуство на ПM 2,5 честички, додека во четири области беше откриено дека имаат загаденост на воздухот речиси шест пати повеќе од бројката, вклучително и во главниот град, Скопје“, пишува во анализата на „Гардијан“

Видете и ова: Токсичен рударски отпад близу училиште во кумановско Лојане

Весникот соработувал со експерти за загадување за да изработи интерактивна мапа која ги открива најпогодените области на континентот. Мерењата се однесуваат на ПМ 2,5 – ситни честички во воздухот кои се произведуваат најмногу од согорувањето на фосилните горива, од кои некои можат да поминат низ белите дробови и во крвотокот, а влијаат на речиси секој орган во телото.

Тековните упатства на СЗО наведуваат дека годишните просечни концентрации на ПM 2,5 не треба да надминуваат 5 микрограми на кубен метар (μg/m3). Новата анализа покажа дека само 2% од населението во Европа живее во области во оваа граница. Експертите велат дека загадувањето со ПМ 2,5 предизвикува околу 400.000 смртни случаи годишно низ целиот континент.

Видете и ова: Спорни мерења - којзнае колку е загаден воздухот

Источна Европа е значително полоша од западна Европа, освен Италија, каде што повеќе од една третина од оние што живеат во долината По и околните области на северот на земјата дишат воздух што е четири пати повеќе од бројката на СЗО за најопасните честички во воздухот.

Европа се соочува со „тешка јавно здравствена криза“, при што речиси сите ширум континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот, покажа истрагата на „Гардијан“.