Само 28 отсто од жените се јавиле на превентивните преглед за скрининг гинеколошки карциноми алармираа денеска од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО).
Тие велат дека одѕивот е минимален во руралните средини, но дека и во најурбаните центри недостига здравствена едукација и култура.
Според честотата, кај нас најчести се ракот на грлото на матката, на ендометриумот, односно на внатрешната лигавица и ракот на јајникот. Од МАГО нагласуваат дека дека освен подигањето на свеста, неопходно е да има и организиран скрининг со голема покриеност на женската популација.
Видете и ова: Д-р Игор Алуловски: Со низок опфат на вакцинација не може да говориме за намалување на заболувања од ХПВ„Од 2015 година се менуваат протоколите како се изведува скринингот, а има насоки и од Светската здравствена органзиација, дека треба да се премине од Папаниколау брисот на ХПВ тест како примарен скрининг, истакна Горан Димитров, претседател на Здружението за цервикална патологија и колпоскопија и на Македонското лекарско друштво.
Од Здружението за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања Фемина-М истакнаа дека според смртноста, ракот на грлото на матката е четвртиот предизвикувач во однос на сите други карциноми, поради што неопходно е да се подига јавната свест за превентивни лекарски прегледи.