Линеарно зголемување на пензиите за 3 500 денари за секој пензионер, а не процентуално согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и промена на методологијата за пресметка на пензиите. Со овие барања пензионерите денеска излегоа на протест пред Владата.
„Остануваме на барањето сите пензии да се зголемат линеарно за 3 500 денари. Потоа да се изврши нивелирање со кое минималната пензија ќе биде барем 45 отосто од просечната нето плата. Со вакви пензии пензионерите се понижени, тие не можат да имаат достоинствен живот во староста, не можат доволно храна да купат, а да не збориме за здрава храна, а проблем ни е и да ги озбезбедиме сите лекарства кои ни се потребни“, велат пензионерите кои протестираат.
Со транспаренти во рацете пензионерите порачуваат дека ако нивните барања не бидат реализирани дека ќе бараат оставка од премиерот и министерката за труд и социјална политика.
Согласно податоците од Државниот завод за статистика и ПИОМ, за месец јуни минималната пензија изнесувала 34 отсто, односно 12 493 денари од просечната нето исплатена плата, а доколку биде 45 проценти, таа би изнесувала 16 437 ден, соопштија денеска од Пензионерскиот синдикат.
Видете и ова: Работна група ќе расправа за минималната пензијаМинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска завчера најави дека до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања, а за што изминатиот период заседаваше работната група формирана по првиот протест на пензионери во Скопје.