Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 19 септември изрази целосна поддршка за воената операција на Азербејџан во ерменскиот отцепен регион Нагорно-Карабах.
Турција е историски сојузник на доминантно муслиманскиот Азербејџан и ја смета претежно христијанската Ерменија како еден од нејзините главни регионални ривали, пишува новинската агенција Франс прес.
„Ги поддржуваме чекорите преземени од Азербејџан, со кого дејствуваме заедно со мотото на една нација, две држави за одбрана на нејзиниот територијален интегритет“, изјави Ердоган јавува новинската агенција Франс прес.
Видете и ова: Азербејџан започна воена операција во Нагорно-КарабахАнкара го снабдуваше Азербејџан со борбени дронови и друга воена опрема што му помогна на Баку да освои делови од отцепениот регион во кратка, но брутална војна пред три години.
Турското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека новата операција е предизвикана од „долгогодишни вооружени напади и провокации“ против азербејџанските сили во регионот.
„Како резултат на легитимната и оправдана загриженост што постојано ја изразуваше во врска со ситуацијата на теренот во речиси три години од крајот на Втората Карабашка војна, Азербејџан мораше да преземе мерки што смета дека се неопходни на сопствената суверена територија“, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.
Но, Министерството додаде дека само директните разговори меѓу Ерменија и Азербејџан би можеле трајно да го решат деценискиот конфликт.
„Ние веруваме дека обезбедувањето продолжување на сеопфатниот преговарачки процес меѓу Азербејџан и Ерменија е единствениот начин за воспоставување мир, безбедност, просперитет и постојана стабилност во регионот“, се вели во турското соопштение.
Видете и ова: Ерменскиот премиер свика состанок на Советот за безбедност по нападите во Нагорно- КарабахАзербејџан на 19 септември започна со како што ја нарекуваат „антитерористичка операција“ во Нагорно-Карабах, што претставува голема ескалација на непријателствата со Ерменија, бидејќи отцепениот регион веќе е на работ на хуманитарна криза, откако беше блокиран за повеќе од осум месеци.
Гранатирањето кое предизвика непосреден меѓународен негодување, започна веднаш откако Баку ги обвини, како што ги нарече, „ерменските диверзантски групи“ за две одделни експлозии во кои загинаа најмалку четворица воени лица и двајца цивили во областите на Нагорно-Карабах кои се под контрола на руските мировници.