На владината седница на 19 септември, министрите го разгледаа текстот на Предлог законот за амнестија кој го изготви Министерството за правда. Во соопштението од прес службата е наведено дека Владата донела одлука да го врати предлог законот на доработка.
„По разгледувањето на состојбите во областа што треба да се уреди со законот, целите, начелата и основните и конкретни решенија опишани во текстот на Предлог законот за амнестија, Владата констатираше дека постои потреба од дополнително усогласување на Предлог законот за амнестија со надлежните институции.
Повеќе детали за причините зошто овој предлог закон не помина на владината седница не се откриваат.
Видете и ова: Осудените за 27 април „сопка“ за новиот закон за амнестија?Дел од македонските медиуми цитираат анонимни владини извори кои тврдат дека Министерот Кренар Лога во неформалниот дел од владината седница се заканил со оставка ако не помине на седницата предлог законот. Од министерството за правда за Радио Слободна Европа велат дека не е поднесена писмена оставка.
Претходно Министерството за правда соопшти дека со нивниот предлог закон треба да се ослободат од затвор осудени за лесни кривични дела со затворска казна до 6 месеци. За тие кои што се осудени над 6 месеци се предлага намалување на затворската казна за 30 отсто.
Според објавениот предлог закон за амнестија со намалувањето на затворски казни нема да бидат опфатени оние кои се осудени на доживотен затвор, како и за кривичните дела убиство, измами при избори и гласање, мито и корупција силување и семејно насилство, злоупотреба на службена должност или измама со пари од европски фондови.
Видете и ова: Лога - Условите во затворите мизерни, неопходна е амнестијаПредлог законот за амнестија ќе се однесува на околу 250 затвореници од вкупно 2.345 осудени лица кои ги издржуваат затворските казни во сите затвори во земјата, изјавија од Управата за извршување санкции за Радио Слободна Европа. Според нивните податоци, во македонските затвори има легла за само 2.113 луѓе, а нив се сместени 2.345 осуденици. Дополнително во нив се сместени и над 260 луѓе опфатени со мерката притвор, како и 20 малолетници кои го прекршиле законот.
На вака предложениот закон за амнестија се спротивстави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која тврди дека е селективен, парцијално решение кое служи за „ситни политички поени“ пред избори.
Видете и ова: Европската комисија е загрижена поради измените на Кривичниот законикВо меѓувреме во јавноста не стивнуваат негативните реакции за донесените измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за евентуалните кривични дела сторени од функционери како што е злоупотреба на службена должност.