Ураганот Најџел над Атлантскиот Океан се засилува

Илустрација

Ураганот Најџел добива на сила над Атлантскиот Океан и се очекува дополнително да се засили во текот на неделава, соопшти на 19 септември Националниот центар за урагани на САД.

Ураганот Најџел со ветрови од 90 милји на час (145 км на час) во вторникот влезе во урагани од прва категорија. Епицентарот се наоѓал на околу 630 милји односно 1.010 километри источно од Бермуди.

Видете и ова: Вонредна состојба во Флорида поради ураган

Поради можноста да се засили ураганот, синоптичарите ги предупредуваат сурферите да не излегуваат затоа што може да биде опасно по нивниот живот. Националниот центар за урагани со седиште во Мајами соопшти дека ураганот Најџел може да се засили рано наутро во среда, додека веќе во наредните денови се очекува да му се намали силата.

Минатиот месец моќен ураган именуван како Идалија ја погоди денеска Флорида. Идалија го погоди северозападниот брег на таа сојузна држава со разорни ветрови и поројни врнежи од дожд што предизвикаа бранови високи до пет метри.