Ерменскиот премиер Никол Пашинијан свика состанок на Советот за безбедност на земјата и рече дека гледа кон Москва, побара да помош да се нападите врз Баку.
„Пред сè, Русија мора да преземе чекори и, второ, очекуваме и Советот за безбедност на ОН да преземе чекори“, рече Пашинијан во телевизиските коментари.
Претходно, ерменското Министерство за надворешни работи соопшти дека руските мировни трупи стационирани во Нагорно-Карабах ќе преземат „јасни и недвосмислени чекори за да ја запрат агресијата на Азербејџан“, мислејќи на договорот за прекин на огнот со кој Москва посредуваше меѓу Ереван и Баку, откако двете страни се бореа во шесто неделна војна кон крајот на 2020 година за регионот, во која загинаа околу 7.000 луѓе.
Овие изјави дојдоа откако по неколкунеделни крвави судири, Азербејџан на 19 септември започна со како што ја нарекуваат „антитерористичка операција“ во Нагорно-Карабах, што претставува голема ескалација на непријателствата со Ерменија, бидејќи отцепениот регион веќе е на работ на хуманитарна криза, откако беше блокиран за повеќе од осум месеци.
Гранатирањето кое предизвика непосреден меѓународен негодување, започна веднаш откако Баку ги обвини, како што ги нарече, „ерменските диверзантски групи“ за две одделни експлозии во кои загинаа најмалку четворица воени лица и двајца цивили во областите на Нагорно-Карабах кои се под контрола на руските мировници.
Видете и ова: Азербејџан започна воена операција во Нагорно-КарабахЕтничките Ерменци во Нагорно-Карабах објавија на социјалните мрежи видео во кои се вели дека де факто главниот град е под бомбардирање. Засега нема детали за штети или жртви.
Министерството за одбрана на Азербејџан во соопштение рече дека „се уништуваат само легитимни воени цели“, додека Министерството за надворешни работи рече дека единствениот начин за мир во регионот е целосно повлекување на ерменските сили во регионот.
Ерменското Министерство за одбрана, сепак, ја оспори изјавата на Баку, велејќи дека земјата нема сили во Нагорно-Карабах и дека офанзивата на Баку „го прекршила прекинот на огнот долж целата линија на контакт со ракетно-артилериски напади“.
Народниот правобранител за човекови права во азербејџанскиот регион контролиран од етнички Ерменци, рече дека двајца цивили биле убиени, а 23 ранети, меѓу кои најмалку осум деца, во нападите.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за новинарите во Москва изјави дека Русија е загрижена од ескалацијата, но дека нејзините мировници во регионот ќе ја продолжат својата мисија. Таа додаде дека Москва имала известување само „неколку минути“ пред Баку да ја започне својата офанзива.
„Најважно е да се убедат Ереван и Баку да одбијат употреба на сила и да седнат на преговарачка маса“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
ЕУ ја критикува „операцијата “ на Азербејџан
Највисокиот дипломат на Европската унија, Жозеп Борел, ја осуди операцијата и го повика Азербејџан да ги прекине своите воени активности во Нагорно-Карабах, истовремено велејќи дека Брисел останува посветен на олеснување на дијалогот за да се донесе траен мир во регионот.
Ерменската влада соопшти дека францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор му рекол на Пашинијан дека ќе повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради ситуацијата. Новинската агенција Ројтерс ги цитираше американските официјални лица кои велат дека Вашингтон веќе започнал дипломатски разговори за ситуацијата.
Ситуацијата ескалираше во регионот само еден ден откако продолжи испораката на хуманитарна помош за етничките Ерменци во Нагорно-Карабах, откако властите на Нагорно-Карабах се согласија да дозволат помошта обезбедена од Русија да се доставува директно од територијата контролирана од Баку преку патот Агдам. За возврат, азербејџанските власти се согласија да дозволат истовремена испорака на помош во отцепениот регион преку коридорот Лачин. Американските и европските лидери повикаа Азербејџан да го олесни транзитот на хуманитарна помош