Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ќе го посети Техеран на 19 септември. Оваа информација ја објави денеска иранската новинска агенција Тасним. Во нејзиниот извештај е наведено дека Шојгу ќе се сретне со највисоките ирански претставници.
Од воведувањето на западните санкции кон Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, Техеран и Москва ги продлабочија своите билатерални односи, особено во воената сфера.
Видете и ова: И Русија и Иран годинава поканети на доделување на Нобеловата наградаМинатиот месец рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека руската воена соработка со Иран нема да подлегне на геополитичкиот притисок, по извештајот дека Вашингтон побарал од Техеран да престане да продава беспилотни летала на Москва.