„Србија не ја испочитува најновата одлука на Европската Унија со која санкциите против Русија се продолжуваат за една година“, потврдено е во декларацијата на високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
Станува збор за санкции воведени од ЕУ во 2014 година поради анексиите на Крим и Севастопол, кои редовно се продолжуваат со најновата одлука на Советот на ЕУ.
Други земји од регионот кои имаат статус на кандидат за членство во Унијата, како Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, се усогласија со овие санкции.
„Овие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со оваа одлука на Советот. Европската унија ја забележува оваа посветеност и ја поздравува“, се вели во декларацијата на Борел.
Поради невоведувањето санкции против Русија, Србија драстично го намали степенот на усогласеност со надворешната политика на ЕУ.
Србија е единствената земја во регионот која не воведе никакви санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина.
Видете и ова: Вучиќ: Србија беше против санкциите за Русија во Атинската декларацијаСрбија важи за лидер во процесот на пристапни преговори, но од 2021 година не отвори ниту едно поглавје во процесот на пристапни преговори, бидејќи некои земји-членки на ЕУ сметаат дека земјата не може да напредува во процесот додека не воведе санкции кон Русија.
Од земјите кандидати за полноправно членство во ЕУ се очекува постепено да ги усогласуваат своите надворешни политики со оние на ЕУ. Европските претставници редовно бараат од Србија да воведе санкции кон Русија.