Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува истрагата за Клиниката за онкологија да заврши во најкраток можен рок. Смета дека пациентите така ќе си ја вратат довербата и кон лекарите и кон здравствените институции.
На денешниот брифинг со медиумите, министерот Меџити тој информира дека има пациенти кои се обраќаат до Министерството за здравство, а потоа ги препраќаат до Обвинителството.
„Како министер ви гарантирам дека со моите надлежности, без компромис, нема да штедиме никого и ќе работиме. Тоа што ќе го докажеме, ќе го санкционираме до крај. За наводите дека на Онкологија доаѓале пациенти од странство, во моментот немам информации, но и да имам, не можам да споделам поради предметот што го води Обвинителството и затоа сè што ќе се донесе како одлука на крајот, јавно ќе биде објавено пред сите. Пациентите ги упативме до Обвинителството и таму најтранспарентно се работи со сите што имаат информации за случајот, вклучувајќи ги и нивните семејства“, истакна денеска Меџити.
Видете и ова: Случај „Онкологија“: Протестите ќе станат масовни, Обвинителството не сака брзоплета истрагаСепак тој рече дека не може сите здравствени работници да бидат ставени во ист кош.
За враќањето на КАТО-системот и контрола на терапијата на Онкологија, Меџити истакна дека ги разгледал можностите, но сè уште нема донесено одлука што ќе биде во најдобар прилог за пациентите.
Во меѓувреме за вечер пред Владата е најавен уште една протест под од мотото „Правда за жртвите“ во организација на неформалната група „Протест против убиството на Онкологија“.
Револтот се зголеми откако се појавија нови сомнежи дека на Клиниката не се евидентирале пациентите кои починале во домашни услови и наводно на сметка на починатите пациенти се земале лекови кои завршувале на црниот пазар.