Државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски од денеска до 22 септември ќе учествува на 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Темата на годинашното собрание е „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на акцијата за Агендата 2030 и нејзините цели за одржлив развој кон мир, просперитет, напредок и одржливост за сите.
Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е Пендаровски да оствари средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, при што ќе ја одликува ООН со Орден на Република Северна Македонија.
Како што е најавено од Кабинетот на Претседателот, Пендаровски ќе има обраќање пред Советот за безбедност на отворената дебата на тема „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на мирот и безбедноста на Украина“, а ќе се обрати и на лидерскиот дијалог „Зголемување на активностите на клучните транзиции за да се забрза напредокот на Целите за одржлив развој“.
Видете и ова: Пендаровски: Можеме во ЕУ и пред 2030 ако нема опструкции од опозицијатаЗа време на учеството на Генералното собрание на ОН, претседателот Пендаровски ќе оствари билатерални средби со шефови на држави, учесници на Генералното Собрание.
Во состав на македонската државна делегација се и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Како што најавија од Министерството за надворешни работи, Османи во својство на министер за надворешни работи, но и како претседавач со ОБСЕ, А5 и ПСЈИЕ ќе земе учество на повеќе настани.