Авион со 14 луѓе се урна во бразилскиот Амазон, нема преживеани

Илустрација, авионска несреќа

Четиринаесет лица загинаа во авионска несреќа во Барселос, туристички град во бразилскиот Амазон, објави гувернерот на државата Амазонас, Вилсон Лима.

Во несреќата загинаа 12 патници и двајца членови на екипажот, пренесува AFP.

Нема преживеани, јавуваат бразилските медиуми, а пренесуваат дека се работи за авион Ембраер ЕМБ-110, кој полетал од Манаус, главниот град на државата Амазонас, до Барселос.

Летот е долг 90 минути. Патниците биле Бразилци кои патувале во регионот поради спортски риболов. Засега не се познати причините за несреќата.

Видете и ова: Зеленски: Украина нема никаква врска со падот на авионот на Пригожин

Гувернерот на Лима изјави дека регионот го погодил силен дожд и дека веројатна причина за несреќата била погрешно утврдена рута во моментот на слетувањето на авионот.

Центарот за истраги и спречување на несреќи покрена истрага за причините за несреќата.