Проектот Чебрен и Галиште да се реализира и да се изгради една поголема гасна електрана за да се балансира со системот за производство на електрична енергија. Ова во интервју за државната новинска агенција МИА го изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.
Тој вели дека на ред е државата која треба да ги исполни овие очекувања. Тоа што може да го направи државата сама или со јавно-приватно партнерство треба да се направи, порачува Бислимоски.
„Треба да се реализираат и најавениот голем фотоволтаик во Штип од околу 400 мегавати, како и најавената ветерна електрана во Кривопаланечко од 400 мегавати и поголемата когенеративна постројка во Скопје, која е грчка инвестиција, со што Македонија од земја увозник ќе ја направат земја извозник на електрична енергија, вели Бислимоски.
Видете и ова: Грчка фирма ќе ја гради хидроцентралата Чебрен, ќе чини една милијарда евра
Минатата недела Владата објави дека грчката фирма ППЦ – Архиродон ја доби концесијата за користење на водата на Црна Река во Северна Македонија за производство на струја со изградба на хидроелектрични централи.
Оттаму велат дека е донесена одлука со која се предвидува реализација на најважниот енергетски проект во државата- хидроцентралата Чебрен.
Ова е четиринаесетти обид за доделување на концесија на Црна Река. На овој му претходеа 13 неуспешни тендери за Чебрен во изминатите 20 години. Идејата, пак, за Чебрен потекнува од 60-тите години на минатиот век. Последниот јавен повик, пред тековниот, е објавен во 2016 година.
ЕСМ објави видео од локацијата по течението на Црна Река каде што ќе настане најголемото вештачко езеро во земјата.
„Хидроцентралата Чебрен беше предизвик години наназад за експертите во енергетиката, архитектурата, градежништвото и предизвик за државата и нејзините чинители задолжени за спроведување на овој голем проект во дело. АД ЕСМ и управниот одбор на компанијата се горди што во нивен мандат се прави еден сериозен и издржан чекор во правец на реализација на Чебрен. Државата и АД ЕСМ имаат стручна и секаква друга подготвеност за овој исклучителен инфраструктурен објект да почне да се гради“, објави ЕСМ.
Видете и ова: Слупчане и ЕВН се договориле како ќе плаќаат за струја, почна поправка на мрежатаПроценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра со која е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала Чебрен, со инсталиран капацитет од најмалку 333 мегавати.
Според Бислимовски енергетската криза помогнала на површина да излезат сите пропусти кои се правеле во изминатите 30-тина години. Но, според него во кризата со електричната енергија се потрошиле пари за да се изгаси „пожарот“ за социјален мир.
„Македонија и сега во најголем дел се базира на термоелектрани и хидроелектрани направени пред 40 и повеќе години. Државата многу малку инвестирала преку својата енергетска компанија во нови капацитети. За кризата потрошивме 300 или 400 милиони евра за да се сочува социјалниот мир пред се, бидејќи не можеше на домаќинствата да им се каже плаќајте двојно повисока електрична енергија или два до три пати поскапо парно греење. Тие пари се потрошија за да се изгаси „пожарот“, а доколку водевме соодветна стратегија со овие 400 милиони евра во претходните години можело да се направи когенеративна постројка или Чебрен и сега ќе ни вратеше многу пари,“ потенцира Бислимоски.
Верувам, вели, дека она што го покажа приватниот сектор беше една и единствена добра работа во енергетската кризата која во суштина беше ценовна и финансиска криза и покажа дека енергетиката е многу битна.