Забрана за влез во земјава, покрај тројцата руски дипломати кои се протерани од државата добил и шефот на руското црковно предворје во Софија Васијан Змеев. Медиумите во земјава веќе ги објавуваат овие информации за кои тврдат дека се од добро упатени извори во Министерството за надворешни работи.
Змеев, како што пишува „Религија.мк“ е рускиот црковен претставник на Московската патријаршија, кој изминатава година имал интензивни посети на земјава и зачестени средби високи претставници на Македонската православна црква – Окридска архиепископија (МПЦ-ОА).
Тој ја имал улогата на координатор на руските црковни политики на Балканот, со осбено влијание во Бугарија и во Северна Македонија.
Видете и ова: Македонските власти протераа тројца руски дипломатиПретседателот на Демократи за силна Бугарија (ДСБ) и во изјава за БНТ ја критикуваше работата на бугарските безбедносни служби бидејќи од други разузнавачки служби ја дознале информацијата.
„Нели ѝ е срам на бугарската разузнавачка служба што мала Македонија со своите служби дозна дека рускиот свештеник кој живее во Софија и служи во Руската црква се занимава со разузнавање во Македонија и го протерале од таму, а тој живее во Бугарија во удобност, изјави за БНТ генералот Атанас Атанасов, претседател на Демократи за силна Бугарија.
Според неофицијални информации на медиумите, заслуга на архимандритот Васијан бил застојот во односите со Вселенската патријаршија за целосно признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.
Видете и ова: Руски дипломати протерани од ЕУ поради шпионажа сега работат во БелградНеодамна и претседателот Стево Пендаровски јавно објави дека некои владици на МПЦ-ОА биле во блиски контакти со руските безбедносни служби.
Вчера беше објавено дека Министерството за надворешни работи на Северна Македонија од земјата биле протерани тројца руски дипломати.
Ваквата одлука била донесена по информации добиени од надлежните органи за превземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.
За Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни е „неодговорен и непријателски чин“. Дел од медиумите денеска ги објавуваат и имињата на тојцата дипломати.