Украина соопшти дека Русија извршила ракетни и беспилотни напади рано на 17 септември, насочени главно кон јужните делови на регионот Одеса, додека Москва и другите региони на Русија пријавиле напади со украински беспилотни летала.
Во последните денови Украина започна серија напади врз руски воени цели во окупираниот Крим и објекти на Црноморската флота на руската морнарица.
Нападите длабоко во Русија, далеку од првите линии на фронтот, исто така се зголемени, при што градоначалникот на Москва изјави дека најмалку два дрона биле соборени во регионот на главниот град рано на 17 септември.
Во меѓувреме, продолжуваат руските напади врз украинската пристанишна инфраструктура, а на 17 септември Украина објави дека земјоделски објект во јужниот дел на Одеса бил погоден од руски воздушен напад.
Русија лансираше шест беспилотни летала Шахед од иранско производство и 10 крстосувачки ракети, а украинските сили уништија шест беспилотни летала и шест проектили пред да ја погодат нивната цел, соопшти украинското воздухопловство.
Видете и ова: Два брода тргнаа низ „привремениот коридор“ кон Украина за да натоварат жито„Во одбивањето на воздушниот напад беа вклучени борбени авиони, противвоздушни ракетни единици, мобилни огнени групи и други средства за напад“, соопштија од воздухопловните сили.
Нападот во Одеса доаѓа еден ден откако Киев соопшти дека два товарни брода пристигнале таму за да користат привремен коридор за да влезат во пристаништата на Црното Море и да товарат жито за африканските и азиските пазари.
Украина минатиот месец објави „хуманитарен коридор“ во Црното Море за да им овозможи на бродовите да пловат од нејзините пристаништа и да ја заобиколат де факто блокадата откако Русија се повлече од договорот да му дозволи на Киев да извезува жито.
Исто така, руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека системи за противвоздушна одбрана уништиле шест беспилотни летала над западен Крим окупиран од Русија.
Во него не е наведено дали има штета или жртви на полуостровот, кој Русија незаконски го анектираше во 2014 година, потег што нашироко го осуди меѓународната заедница.
Видете и ова: Севернокорејскиот лидер ги разгледа руските нуклеарни бомбардериНајмалку 30 летови беа одложени, а шест откажани на трите главни аеродроми во Москва, Внуково, Домодедово, Шереметјево, јавија руските државни новински агенции.
Во своето видео обраќање во текот на ноќта на 16 септември, украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на сојузниците на неговата нација за нивната континуирана поддршка во борбата против руската инвазија.
Тој ги издвои и САД и Јужна Кореја за нивната поддршка.
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан на 15 септември потврди дека претседателот Џо Бајден ќе биде домаќин на Зеленски во Вашингтон на 21 септември. Тоа ќе биде нивна трета средба во Белата куќа.
И Бајден и Зеленски треба да се обратат на 78-та сесија на Генералното собрание на ОН следната недела, при што се очекува Зеленски да го искористи својот личен настап со американските и светските лидери за да собере поддршка и да изврши притисок за напредно оружје и муниција за помош на неговата земја и контра -офанзива за повторно заземање на украинската територија окупирана од руските сили.