Францускиот амбасадор кој се држи во Нигер по пучот е „буквално заложник“ заедно со неговиот персонал, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, пренесе германската новинаска агенција ДПА.
„Во Нигер, додека ви зборувам, имаме амбасадор и дипломатски персонал кои буквално се држат како заложници во француската амбасада“, рече Макрон во петокот.
„Тие ја спречуваат испораката на храна“, рече Макрон за водачите на пучот, посочувајќи дека амбасадорот живее од воени оброци.
На францускиот амбасадор му беше даден ултиматум да ја напушти земјата до крајот на август, од новите лидери на Нигер кои го соборија демократски избраниот претседател во пуч на 26 јули, објави ДПА.
Видете и ова: Борел - ЕУ подготвува санкции за пучистите во НигерИзјавата на Макрон ја пренесе и новинската агенција Ројтерс, како и повеќе француски и европски медиуми.
Претседателот на Нигер Мохамед Базум беше соборен со воениот удар што го изврши елитна единица чиј лидер, генерал Абдурахаман Тиани, се назначи себеси за нов владетел и го суспендираше уставниот поредок. Нигер беше еден од најважните партнери на Франција во нејзината антитерористичка борба во Сахел. Париз има околу 2.500 војници стационирани во Нигер и соседен Чад. Во меѓувреме, воената хунта во Буркина Фасо го протера француското одбранбено аташе од земјата, поради „субверзивни активности“.