На 15 септември Финска објави дека на сите возила со руски регистарски таблички ќе им биде забранет влезот во земјата од 16 септември.
Претходно оваа недела, балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија воведоа слични забрани за автомобили со руски регистрации во согласност со мерката на Европската комисија за забрана на автомобили со такви таблички да влезат во ЕУ, како дел од санкциите наметнати на Русија поради воената агресија против Украина.
Ограничувањата се однесуваат на сите сопственици на автомобили регистрирани во Русија, вклучително и граѓани на ЕУ и лица со постојан престој во земјите-членки на ЕУ, јавува Радио Слободна Европа на англиски јазик.
Забраната за влез не се однесува на граѓани на ЕУ и членови на нивните семејства, членови на дипломатски претставништва или лица кои влегуваат во Финска од хуманитарни причини.
Финска стана четвртата земја од ЕУ што се граничи со Русија која забрани влез на руски автомобили.
Вилнус направи исклучок за автомобилите кои патуваат до или од руската енклава Калининград.
Полска останува единствената земја од ЕУ што се граничи со Русија која не објави забрана за влез на возила со руски регистарски таблички.