Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека на него уште од почеток „му било јасно“ дека премиерот на Косово, Албин Курти, не сака каков било договор според кој ќе мора да формира Заедница на општини со српско мнозинство, пред да се случи, како што Курти вели, неформално признавање на Косово од страна на Србија.
Вучиќ ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање додека ја презентирал воената опрема и дел од способностите на српската војска во Ниш.
„Јас сум и благодарен на Европската Унија што сепак јасно ставија до знаење кој е одговорен“, изјави Вучиќ.
Тој исто така наведе дека нема да направи ништо што би им наштетило на интересите на Србија.
Последната рунда преговори меѓу Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел заврши вчера, без напредок во нормализација на односите.
Видете и ова: Курти- Заедницата на српски општини не може да биде предуслов за спроведување на ДоговоротОва беше прва средба на Вучиќ и Курти по избивањето на насилствата на север во Косово кон крајот на мај.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пренесе дека двете страни имале спротивставени ставови за време на состанокот, односно дека Курти прво барал нормализација на односите од политички аспект, додека Србија прво сакала да се започне со формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.
Борел кажа дека косовскиот премиер не го прифатил предлогот за постигнување на компромис ставен од маса токму од страна на Европската Унија.
Според зборовите на Борел, Курти сака прв чекор да биде признавањето на Косово како независна држава од страна на Србија.
Видете и ова: Борел – Курти не беше подготвен за исчекор