Белорускиот лидер Александар Лукашенко на 14 септември пристигна во рускиот град Сочи, објавија белоруските државни медиуми. Тој утре треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во неговата резиденција во одморалиштето на Црното Море.
„Белорусија е нашиот најблизок сојузник“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Белоруската државна новинска агенција Белта објави дека главна тема на разговорите меѓу Путин и Лукашенко ќе биде „меѓународната агенда и регионалните прашања“.
Оваа година ова ќе биде седма средба меѓу Путин и Лукашенко.
Видете и ова: Лукашенко ќе се сретне со Путин на 15 септемвриВо средата, во својот извештај за односите со Белорусија, Европскиот парламент го прогласи Лукашенко за учесник во злосторствата на Руската Федерација во Украина, особено во депортацијата на децата.
Белорусија е домаќин на руските сили и опрема користена во војната во Украина, но белоруските трупи не учествуваат во тие операции. Русија исто така распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.